Бразилски лекари го тужат претседателот Болсонаро во Хаг за небрежност при справувањето со пандемијата

Од:

Бразилски здравствени работници денеска побараа од Меѓународниот кривичен суд да покрене истрага за одговорот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро на пандемијата на Ковид-19, за кој велат дека претставува кривично дело против човештвото.

Барањето е поднесено во судот во Хаг од страна на синдикатите што претставуваат повеќе од еден милион вработени во здравството во Бразил.

Синдикатите го обвинуваат крајнодесничарскиот лидер за „небрежност во управувањето со пандемиската криза, ставајќи го во опасност животот на здравствените работници и членовите на бразилското општество“.

Според синдикатите, бразилскиот претседател го охрабрил собирот на неговите приврзаници, им пристапил без маска и рекламирал контроверзен третман за лекување, а ваквото однесување, според нив, ги зголеми ризиците од ширење на инфекцијата во земјата.

Бразил е втора најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со повеќе од 2,4 милиони случаи на заразени и со околу 87.000 починати.

Би можело да ве интересира

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил