Бразил ќе биде домаќин на меѓународен собир на ултрадесничари

Од:

Бразил во октомври ќе организира меѓународен собир на ултраконзервативни движења, изјави пратеникот Едуардо Болсонаро, син на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и евентуален нов амбасадор во САД.

„Десницата се организира на меѓународен план“, објави пратеникот на Твитер, најавувајќи го првиот таков митинг во Бразил, како дел од Конзервативната конференција за политичко дејствување (ЦПАЦ) што се одржува секоја година во САД.

„Ние ги поставуваме темелите на конзервативното движење во Бразил за да ги спроведеме потребните реформи и да спречиме нова Венецуела во регионот“, додаде Едуардо Болсонаро, кој како и неговиот татко е жесток противник на „левичарите“.

ЦПАЦ се одржува секоја година во САД од 1974 година и собира заедно истакнати претставници на екстремната десница.

Бразилскиот собир ќе се одржи во Сао Паоло на 11-12 октомври. Едуардо Болсонаро рече дека дополнително ќе ги објави имињата на учесниците.

Триесет и петгодишниот пратеник е близок до американскиот ултрадесничар Стив Банон, поранешен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски