Бразил е во „вистински пекол“ со коронавирусот, алармира СЗО

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) ја оквалификува ситуацијата со ширењето на коронавирусот во Бразил како „вистински пекол“. Тоа го кажа Брус Ејлард, виш советник на генералниот директор на СЗО, за време на брифинг.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска го критикуваше судијата на Врховниот суд Луис Роберт Баросо за неговата одлука да му нареди на Конгресот да започне истрага за одговорот на федералната влада за пандемијата на Ковид-19.

Болсонаро го критикуваше барањето конгресната истрага да се фокусира на неуспесите на федералната влада во нејзиниот одговор на пандемијата.

Тој рече дека судијата на Врховниот суд „нема морална храброст“ и дека Баросо треба да побара отповикување на други судии од Врховниот суд. Болсонаро ги обвини Баросо и „левичарите во Конгресот“ за прикривање корупција поврзана со договори во кои биле вклучени државата и градовите, без да објави имиња.

Секој четврти смртен случај од Ковид-19 во целиот свет оваа недела е пријавен во Бразил. Во последните неколку дена, во земјата каде има над 13 милиони заразени, се регистрираат по над 4.000 смртни случаи на ден.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 817.000 новозаразени од коронавирус за 24 часа

СЗО: Да не се почнува вакцинација на деца додека не се вакцинираат возрасните и ризичните групи

Катерина Павлова-Николовска

Во Вашингтон пуштија да се прават свадби, ама да нема играње

Жарко Настоски

СЗО одобри итна употреба на кинеската вакцина „Синофарм“

Жарко Настоски

Нема покритично прашање од солидарноста во распределбата на вакцините, вели Макрон

Жарко Настоски

Орбан: Безбедноста на Европа зависи од тоа колку луѓе ќе се вакцинираат

Жарко Настоски