Бранови и до осум метри во Австралија, има закана од големо невреме

Од:

Обилен дожд, силен ветер и бранови високи до осум метри се очекуваат во некои делови на Австралија, а лошите временски услови се резултат на судирот на тропскиот циклон Манга и студениот фронт, соопшти Бирото за метеорологија.

Официјалните лица тврдат дека ова е невреме што се случува еднаш на десет годин. Од населението е побарано да го осигураат имотот и да поврзат сè што можат.

Брзината на ветерот се очекува да достигне 100 км на час по должината на брегот со налети до 130 км на час, а во некои делови може да падне и до 100 мм дожд.

Се очекува невремето да продолжи и утре.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Во австралиските шумски пожари горат куќи, а топлотниот бран допрва ќе следи