Борисов: Лондон и Брисел нема да постигнат договор

Од:

Можно е Велика Британија да ја напушти ЕУ без претходно да се постигне договор за идните трговски и други односи, со таканаречен „тврд Брегзит“, предупреди Бојко Борисов.

Борисов е еден од првите лидери на ЕУ кој што јавно најави неспогодбено напуштање на Британија на ЕУ.

– За жал, се почесто се спомнува таа можност, дека нема да успееме да се договориме. Јас ова не го кажувам во име на ЕУ, или во име на бугарското претседателство со Европскиот Совет, и не сакам да бидам погрешно разбран. Но, тоа е моето чувство, изјави Борисов за порталот Еурактив.

Тој смета дека сите премиери во ЕУ се чувствуваат исто и дека ЕУ се уште не е подготвена за заминување на Британија.

Лондон и Брисел спорат за повеќе прашања, а пред се за статусот на државјаните на членките на ЕУ по Брексит, меѓусебната трговија и границата меѓу Британија и Ирска.

Би можело да ве интересира

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина

Земјите на ЕУ се обидуваат да ги зајакнат границите за да го намалат миграцискиот притисок

А1он

Логар: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важна за стратешката позиција на блокот во светот

А1он

Макрон пред ЕП: Европа не може долго да биде далеку од Западен Балкан

Ана Ололовска

Борел го уверил Кулеба во непоколебливата поддршка на ЕУ за Украина

Ана Ололовска