Борис Џонсон го „укина“ Божик за третина од Англичаните: Жестоки рестриктивни мерки на сила од полноќ

Од:

Премиерот Борис Џонсон драматично на вонредна прес конференција ги укина божиќните прослави за луѓето кои живетат во Лондон и во југоисточна Англија. Жестоките мерки во „фазата 4“ се воведуваат поради стравот од новиот вид на коронавирусот за кој научниците потврдија дека се шири побрзо од оригиналната верзија.

Во деловите каде што ќе важат најстрогите мерки, а кои ќе бидат на сила од полноќ ќе бидат затворени сите неесенцијални продавници, воведени се рестрикции за патување и наредба за седење дома дури и на денот на Божик.

И остатокот од Англија нема да избегне построги мерки. Дозволата за мешање на максимум три семејства сега ќе важи само на Божик, а не како што беше претходно најавено во периодот од 23. до 27. декември.

Џонсон на прес конференцијата рече дека „немал алтернатива“ бидејќи ширењето на Ковид-19 не запира, а ситуацијата е особено влошена со појавата на новиот вид на вирусот.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Борис Џонсон го спореди Путин со Милошевиќ: Мистичниот сојуз меѓу Косово и Белград е сличен на Русија и Киев

А1он

Борис Џонсон се повлече од трката за премиер: „Сега не е време“

Горан Наумовски

Џонсон е подготвен да се кандидира за нов премиерски мандат

Горан Наумовски