Борел: Во ЕУ се уште нема договор за шестиот пакет санкции за Русија

Од:

Европската унија се уште не постигнала договор за шестиот пакет санкции против Русија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на Советот на ЕУ

Борел кажа дека сè уште нема неопходен консензус за предложената забрана за увоз на руска нафта.

-Ќе продолжиме да воведуваме санкции кон Русија со цел да ги направиме последиците од инвазијата неподносливи за Кремљ. Продолжуваме да зборуваме за тоа. За жал, денеска не беше можно да се постигне договор за финализирање на шестиот пакет санкции, рече Борел.

Тој објасни д ека шефовите на дипломатиите разговарале за секаков вид поддршка за Украина, економска и воена, и договориле дополнителна помош од 500 милиони евра за набавка на оружје, со што вкупната сума што ЕУ ја наменила за таа намена достигна две милијарди. евра.

Борел кажа дека тоа е само врвот на ледениот брег, бидејќи членовите поединечно даваат голема помош.

Тој предупреди и на последиците од војната во Украина врз безбедноста на храната во светот и економијата на многу земји во развој.

„Мораме да и помогнеме на Украина да продолжи со производството и извозот на житарици и пченица, рече Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски