Борел: Со сегашното темпо, светот нема да се вакцинира пред 2023 година

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел оцени дека глобалното темпо на вакцинација против Ковид-19 е „премногу бавно за ефикасно справување со глобалната пандемија“.

Тој предупреди дека „со сегашното темпо, целиот свет нема да се вакцинира пред 2023 година“.

Зборувајќи пред колегите на самитот Г7, тој посочи за ризикот од нови варијанти што ја поткопуваат ефикасноста на достапните вакцини и можноста коронавирусот „да стане хроничен со ослабување на економското закрепнување“.

Борел обрна внимание и на други дискусии, вклучително и на целокупната цел на групата „да се изгради глобална мултилатерална рамка по Ковид-19, заснована на демократски вредности и основни права“.

Тој додаде дека Г-7 не сака „свет трајно поделен на ривалски блокови“.

„Потребна е глобална заедница за решавање на глобалните проблеми, како што е пандемијата Ковид-19 (и други потенцијални идни пандемии), климатски промени, губење на биолошката разновидност или нуклеарно ширење“.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски