Борел: Ситуацијата во Авганистан е катастрофа за довербата во Западот

Од:

Шефот на европската дипломатија Joсeп Борел денеска изјави дека тоа што се случува во Авганистан е катастрофа за авганистанскиот народ, за европските вредности, довербата во Западот и за развојот на меѓународните односи.

Пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Борел откри дека западните разузнавачки служби не веруваа дека е можен толку брз колапс на режимот во Кабул, наведувајќи дека „ниту талибанците не веруваа во тоа“.

-Западот во Авганистан веќе 20 години водеше битка против исламскиот тероризам од страна на Ал Каеда и талибанците, но, исто така, направи напори да изгради модерна држава од таа земја, рече Борел.

Тој пред европратениците од комисијата кажа дека американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Американците и западните сојузници не отишле да „градат општествено уредување“, туку да го уништат тероризмот во Авганистан.

-Па, добро, дали е тоа убедливо, праша Борел, нагласувајќи дека Западот се обиде да изгради општество во таа земја во кое ќе се почитуваат законот, човековите права и слободи, особено на жените и малцинствата.

Тој додаде дека е факт дека Западот постигна успех во борбата против светскиот тероризам, но тоа не го стори во вториот дел од својата мисија.

Борел кажа дека падот на авганистанската прозападна влада, и покрај огромната долгогодишна помош, е неверојатен, додавајќи дека Американците во Авганистан трошеле по 300 милиони долари дневно во изминатите 20 години.

-Сега, додека ЕУ и САД се консултираат, а се водат преговори за создавање авганистанска влада на национално единство, талибанците очигледно имаат за цел да воведат исламски калифат, рече Борел.

Тој ги повтори проценките на ЕУ дека голем број авганистански бегалци ќе се преселат во Европа и рече дека Унијата мора да стори сé за да им обезбеди хуманитарна помош на оние што остануваат во Авганистан.

-ЕУ мора да започне преговори со оние што се на власт во Кабул, рече Борел, нагласувајќи дека тоа не значи дека режимот на талибанците ќе биде меѓународно признат, но дека контактите со нив се неопходни за да се обезбеди хуманитарна помош и да се спречи ширењето на исламскиот тероризам и трговија со дрога.Афганистан.

Шефот на европската дипломатија посочи на фактот дека Кина, Русија, Иран, Пакистан и Индија сега ќе имаат поголемо влијание од Западот во Авганистан и Централна Азија, додавајќи дека таму се јавува најкомплексната, опасна геополитичка ситуација, која може да се спореди само со анексијата на Крим од страна на Русија.

Би можело да ве интересира

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Горан Наумовски