Борел: Се враќаат големите империи од минатото, Русија, Турција и Кина

Од:

Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, денеска се обрати пред европските пратеници во пресрет на претстојниот Европски Совет на кој главна тема ќе биде Турција и тензиите со Грција, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во овој контекст, шефот на европската дипломатија предупреди дека се враќаат „големите империи од минатото“.

-Европа се соочува со ситуација во која големите империи се враќаат, најмалку три од нив, Кина, Русија и Турција, големите империи од минатото се враќаат со пристап кон нивното непосредно соседство, но и глобално и ова претставува нова средина за нас, изјави Борел, додавајќи дека Турција е „еден од овие елементи“.

Дебатата утрово се фокусираше главно на ситуацијата во источниот Медитеран и тензиите помеѓу Турција и Грција.

Борел изјави дека се потребни дополнителни напори за смирување и деескалација во регионот и дека последниот турски потег, повлекувањето на бродот Оруч Реис, е потег во добар правец и влева надеж дека спорот ќе може да се реши преку дијалог.

-Турција треба да се воздржи од унилатерални потези, тоа што се случуваше ова лето е неприфатливо и министрите за надворешни работи на ЕУ беа многу јасни дека без напредок ќе има последици врз односите помеѓу ЕУ и Турција.

На ова прашање ќе се навратат лидерите на ЕУ идната недела за време на специјалниот Европски Совет на кој ќе се разговара за Турција, инцидентите во источен Медитеран и односите ЕУ – Турција.

Високиот претставник изрази надеж дека лидерите на ЕУ ќе успеат да најдат конструктивен пристап со Анкара, но дека многу од тоа ќе зависи од тоа што ќе се случува во наредните денови. Борел предупреди дека Турција во секој случај останува клучен партнер за ЕУ, на пример за миграциските прашања, и побара од лидерите на ЕУ да го имаат тоа на ум.

Би можело да ве интересира

Турција најостро го осуди нападот во Ница

Ана Ололовска

30 руски тенкови и други оклопни возила пристигнуваат во Србија како донација од Путин

А1он

Млади кинески милијардери заработиле 223 милијарди долари оваа година

Ана Ололовска

Париз: Критиките од муслиманските земји се обид да се дестабилизира Франција

Жарко Настоски

Турција ќе го тужи Шарли Ебдо

Ана Ололовска

Помпео: Кина е предатор

Ана Ололовска