Борел: Руските воени злосторства нема да поминат неказнето

Од:

Високиот претставник на Европска Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека „руските воени злосторства нема да поминат неказнето“, како и оти ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина.

– Уште еден бесмислен и голем руски ракетен напад врз Украина кој неселективно уништува инфраструктура и медицински институции, намерно цели и убива цивили, напиша Борел на Твитер.

Градовите низ Украина, вклучително и Киев денеска се цел на руски ракетни напади. Според украинските власти, руските сили истрелале повеќе од 120 ракети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Горан Наумовски

Борел: ЕУ ќе предложи санкции против одговорните за смртта на Навални

Горан Наумовски

Борел во засолниште поради руските напади на Киев