Борел: Русија ја користи храната како оружје, агресијата врз Украина е причина за светската криза

Од:

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска во Париз изјави дека руската агресија врз Украина е главната причина за глобалната криза и дека Москва ја користи храната како оружје за војна.

Борел на Твитер напиша дека на денешниот мировен форум во Париз се разговара за изнаоѓање начини за решавање на растечката криза во енергетскиот, прехранбениот сектор и за храната и инфлацијата.

„Ќе излеземе од повеќеслојната криза со јасно дефинирање кој е одговорен и поддржувајќи ја Украина и земјите во развој да се справат со последиците од војната. Европската унија ја игра својата улога. Руската агресија против Украина е главната причина за оваа глобална мултикриза“, рече Борел.

Тој додаде дека неизбежната меѓународна конкуренција ја спречува глобалната соработка, која „е многу потребна во моментов“.

„Мораме да избегнеме натамошен раст на јазот меѓу Северот и Југот и Истокот и Западот“, напиша Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ