Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај

Од:

Шефот за европската дипломатија Жозеп Борел го повика Израел да не користи смртоносна сила, „освен во краен случај“, како одговор на палестинските напади вчера и денеска, во кои загинаа седум лица, а ранети се 12.

„Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад“, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица.

До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата.

„Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи“, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.

Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел