Борел го осуди насилството на демонстрациите против ковид-пропусниците во Брисел

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, го осуди „безумното уништување и насилство“ на вчерашните демонстрациите против здравствената ковид-пропусница во Брисел на кои, меѓу другото, беше нападната и зградата на Европската унија.

Во порака на Твитер, Борел се заблагодари и на белгиската федерална полиција за нивните акции за совладување на насилните демонстранти.

Во Брисел вчера дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите против рестрикциите поврзани со пандемијата на Ковид-19 за време на протестите во кои учествуваа десетици илјади луѓе.

Судирите избија во близина на седиштето на Европската унија, кога полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги потисне демонстрантите кои користеа камења и петарди.

Според властите, околу 50.000 луѓе прошетале низ главниот град на Белгија, а имало и учесници од неколку други европски земји. Вчерашните протести беа најмасовните во низата демонстрации во градот во последните месеци.

Полицијата соопшти дека се уапсени 70 лица, вклучително и десет за прекршоци како што се фрлање предмети и уништување имот.

Тројца полицајци и 12 демонстранти се хоспитализирани, но никој не е во животна опасност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Горан Наумовски

Борел: ЕУ ќе предложи санкции против одговорните за смртта на Навални

Горан Наумовски

Борел во засолниште поради руските напади на Киев

Борел: Блискиот Исток е котел што може да експлодира во секој момент