Борел: ЕУ не го признава Лукашенко за легитимен претседател

Од:

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел оцени дека ситуацијата во Белорусија продолжува да се влошува поради репресијата на власта врз мирните демонстранти.

– Народот на Белорусија има право слободно да го избере својот претседател без прогонства или репресии, рече Борел.

Пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел тој најави дека шефовите на дипломатиите на ЕУ 27 ќе разгледаат како да го поддржат народот во Белорусија и како да ги продолжат односите со белоруските власти, имајќи предвид дека ЕУ не го прифаќа Лукашенко за легитимен претседател.

– Ќе поддржиме инклузивен национален дијалог и правото на народот во Белорусија на слободни и фер избори, рече Борел.

Тој додаде тоа не е мешање на ЕУ во внатрешните работи на Белорусија и нагласи дека демократијата и човековите права се основа на идентитетот на ЕУ.

Пред состанокот во Брисел, министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа и со опозициската кандидатка за претседател на Белорусија Светлана Тихановскаја.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски