Борел: ЕУ мора да развие апетит за моќ

Од:

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека “владите на земјите-членки на ЕУ мора да бидат подготвени да интервенираат во меѓународните кризи или да ризикуваат да ја продолжат парализата на својата надворешна политика”.

“Европа мора да развие апетит за моќ. Треба да бидеме способни да дејствуваме… а не секојдневно да даваме коментари, да изразуваме загриженост, изјави Борел на Минхенска безбедносна конференција”, додавајќи дека тоа не значи само воена моќ.

Влијанието на ЕУ во светот е во пад и поради политиката на американскиот претседател Доналд Трамп „Прво Америка“, што ги поткопа европските приоритети.

ЕУ е поделена по прашањето за мировниот план за Блиски Исток на Трамп, како и за поморската мисија во Либија, за Венецуела и за други прашања.

“Кога нема едногласност (во ЕУ), преостанатото мнозинство мора да дејствува”, посочи Борел.

Би можело да ве интересира

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне