Борел: ЕУ ќе продолжи да испорачува оружје на Украина и да ја ослабне руската економија

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел рече дека не ги разбира противниците на испораката на оружје и праша дали би сакале да ги видат „Украинците да клечат пред Русите“.

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Борел нагласи дека не разбира оти тие се противат на испораката на оружје, тврдејќи дека тоа ќе ја продолжи војната.

„Ги прашувам тие луѓе, дали ви е важно како ќе заврши војната. Дали Украинците треба да клечат пред Русите?“, праша Борел.

Тој најави дека ЕУ ќе продолжи да испорачува оружје на Украина и дека ќе настојува да ја ослабне руската економија и да ја зголеми меѓународната изолација на Москва.

„Но, ние не сакаме да се бориме против Русија“, рече Борел, додавајќи дека војна завршува со преговори.

„Треба да дојдеме на преговарачка маса од позиција на сила и сега е важно да ги доведеме Украинците на таа позиција“, истакна Борел.

Тој оцени дека Русите нема да го прифатат тоа, како што Брисел нема да ја прифати Русија како посредник.

Според него, ниту Кина не одговара, бидејќи, како што тврди, се приклонува кон Русија.

Борел оцени дека Турција работи многу добро и дека има добри односи со двете страни.

Запрашан за можното воведување ембарго за увоз на руски гас, тој одговори дека гасот е стратешки производ и дека тој не е само извор на енергија, туку и суровина за петрохемиската индустрија, каде што е незаменлив.

Борел посочи дека е важно да се најдат нови добавувачи.

Тој рече дека немањето терминал за прием на течен гас е грешка што треба да се препознае и да се исправи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Горан Наумовски

Борел: ЕУ ќе предложи санкции против одговорните за смртта на Навални

Горан Наумовски

Борел во засолниште поради руските напади на Киев

Борел: Блискиот Исток е котел што може да експлодира во секој момент