Борците од Бахмут ја опишаа тактиката на Вагнер: Тие се како зомби, газат и се качуваат преку трупови

Од:

Југозападно од градот Бахмут, украинските војници Андриј и Борисич живеат во бункер со свеќи ископан во замрзнатата земја. Тие веќе неколку недели се соочуваат со стотици борци на руската приватна армија Вагнер, кои ја напаѓаат украинската одбрана.

Андриј раскажува за навидум бескрајната размена на оган кога биле нападнати од стотици борци на Вагнер: „Се боревме околу 10 часа непрекинато. И тоа не беа само бранови, тоа беше континуирано. Како да не престануваат да доаѓаат.
Нивните пушки АК-47 толку се вжештија од постојаното пукање, вели Андриј, што морале да ги заменат: „На наша страна имаше околу 20 војници. Да речеме 200 на нивна страна.

Начинот на Вагнер според кој ја води војна е да го испрати првиот бран на напаѓачи, главно составен од регрути донесени директно од руските затвори. Тие малку знаат за воените тактики и се слабо опремени. Повеќето само се надеваат дека ќе можат да си одат дома, а не да се вратат во ќелијата, ако го преживеат својот шестмесечен договор.

„Тие принудуваат група од десет војници да напредуваат 30 метри, а потоа ќе почнат да копаат за да ја задржат својата позиција“, вели Андриј за Вагнер. Следува друга група, продолжува Андриј, која напредува на следните 30 метри: „Така, чекор по чекор, Вагнер се обидува да оди напред, додека во меѓувреме губи многу луѓе“.

Само кога првиот бран е исцрпен или запрен, Вагнер испраќа поискусни борци, често од крилата, кои се обидуваат да ги прегазат украинските позиции.

„Се качуваат над труповите на своите пријатели, ги газат“
Андриј вели дека соочувањето со нападот било застрашувачко и надреално искуство: „Нашиот митралез за малку ќе полудеше од пукање во нив“.

Андриј ја споредува битката со сцена од филм за зомби:
„Тие се качуваат и преминуваат над телата на своите пријатели, ги газат. Се чини дека добиваат дрога пред нападот“. CNN не можеше независно да го потврди ова тврдење.

И по елиминирањето на првите бранови, нападот продолжи, бидејќи украинските бранители останаа без куршуми и се најдоа опколени: „Проблемот беше што не обиколија. И така не опколија. Дојдоа од другата страна. Не ги очекувавме на таа страна. Пукавме до последниот куршум, па ги фрливме сите бомби што ги имавме и останавме само јас и неколку момци. Бевме беспомошни во таа ситуација“.

Имаа среќа. Вагнеровците се повлекоа на крајот на денот. Извештајот на Андри за пристапот на Вагнер е конзистентен со извештајот на украинската разузнавачка служба, добиен од CNN минатата недела.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот