Борците од Азовстал префрлени во поранешна казнена колонија кај Доњецк

Од:

Седум автобуси со украински борци кои со недели се бореа со руските сили во фабриката за челик Азовстал пристигнале денеска во поранешна казнена колонија во градот Оленивка во близина на Доњецк, изјавил сведок за Ројтерс.

Според сведокот, војниците, кои биле придружувани од проруски сили, не делувале како ранети.

Над 260 војници го напуштија Азовстал. Како што соопшти претходно украинската влада, во тек е следната фаза на евакуација на преостанатите луѓе од областа Азовстал.

Руската новинска агенција ТАСС наведува дека рускиот истражен комитет планира да испрашува војници, од кои многумина членови на баталјонот Азов, како дел од истрагата за, како што вели Москва, „злосторства на украинскиот режим“.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски

Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал

Голема победа за двајца руски милијардери, ЕУ мора да им ги укине санкциите

Катерина Ѓуровски