Бомбардиран воен комплекс на Хамас во Појасот Газа

Од:

Утрово израелските сили бомбардираа воен комплекс на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа како одговор на истреланата ракета, која падна на отворено подрачје во јужниот дел на Израел.

Во инцидентот нема повредени, објавија израелските медиуми, а според палестинските извори причинета е материјална штета откако биле погодени Кан Јанус во јужниот дел и Деир ел-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Од 6 декември откако американскиот претседатал Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел, Палестинците од Газа истрелаа 18 ракети и мини. Ракетите ги истрелуваат воглавно помали палестински екстремистички организации, но за Израел, Хамас е одговорен за насилството.

– Откако пред две недели уништивме тунел кој навлегуваше на наша територија, Израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа околу 40 цели на Хамас, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во неделата на владина седница.

Би можело да ве интересира

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски