Бомбардиран турски набљудувачки пункт во Сирија

Од:

Тројца турски војници се полесно ранети при напад врз набљудувачки пункт во сириската провинција Идлиб, соопшти Министерство за одбрана на Турција.

Во соопштението се посочува дека нападот бил од територија под контрола на сириските владини сили.

– Од територијата, контролирана од сирискиот режим, беше бомбардиран наш набљудувачки пункт во Идлиб. Врз објектот беа истрелани 35 минофрлачки гранати. Тројца од нашите војници беа полесно повредени, а дел од опремата беше оштетен, стои во соопштението.

По разговорите меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган во септември минатата година во Сочи, министрите за одбрана на двете земји потпишаа меморандум за стабилизирање на ситуацијата во Сирија и се согласија да создадат демилитаризирана зона во Идлиб.

Во провинцијата Идлиб има повеќе од десетина различни формации со околу 30.000 војници, меѓу кои и странски платеници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети