Болтон го нарече Трамп неподобен за функцијата претседател

Од:

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон во интервју за телевизијата АБЦ изјави дека Доналд Трамп не е подобен за функцијата што ја извршува.

„Сметам дека тој е неподобен за таа функција. Не мислам дека има вештини за извршување на таа работа, истакна Болтон во интервјуто кое ќе биде целосно објавено во текот на претстојниот викенд.

Болтон, кој му беше советник на Трамп за национална безбедност од април 2018 до септември 2019 година, нагласи дека „актуелниот претседател бил толку многу фокусиран на неговиот реизбор, што се друго запоставил“.

Тој открива дека Трамп за време на историскиот самит со севернокорејскиот лидер бил повеќе фокусиран „на фотографирањето“ со Ким Џонг-ун, отколку на последиците од состанокот во дипломатски поглед.

„Џон Болтон се дискредитираше самиот себе. Овој човек го фалеше Трамп како силен во надворешната политика, дека не ги прави истите грешки како претходните администрации,“ истакна портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани.

Книгата на Болтон „Собата каде што се случуваше се: Мемоари од Белата куќа“ треба да биде објавена на 23 јуни, но во јавноста се појавија делови од книгата. САД го тужеа Болтон откако Советот за национална безбедност на Белата куќа утврди дека работната верзија на книгата содржи пасуси со доверливи информации за националната безбедност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас