Болтон е подготвен да сведочи против Трамп за наводите во мемоарите

Од:

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, денеска изјави дека е подготвен под заклетва да ги потврди своите зборови за тоа дека Доналд Трамп побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да му помогне во неговиот реизбор.

Во својата книга „Собата каде што тоа се случи: Мемоари од Белата куќа“ Болтон го опишува разговорот меѓу Трамп и Џинпинг, во кој, според него, американскиот претседател побарал од својот кинески колега да ги зголеми купувањата на американски земјоделски производи од неколку сојузни држави за да му помогне да победи на изборите.

Подоцна американскиот трговски претставник Роберт Лајтхаузер, при сослушување пред Конгресот ги негираше овие обвинувања.

„Сите кои бевме на таа средба можеме да сведочиме под заклетва и јас исто така би се радувал да го направам тоа. Тоа се моите спомени. Но, многу поважно, според мене, е тоа што кинеската страна помни,“ рече Болтон во интервју за Фокс Њуз.

Според поранешниот соработник на Трамп, за ова конкретно прашање тој веќе разговарал со членови на Советот за национална безбедност, со адвокат од Белата куќа, како и со главниот обвинител.

Болтон на функцијата советник за национална безбедност на Белата куќа беше во периодот 2018-2019 година.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“