Болтон: Ако победи Трамп, Америка ќе излезе од НАТО

Од:

Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот на САД, истакна дека ако Доналд Трамп добие втор претседателски мандат, САД може да го напуштат НАТО-сојузот.

Болтон, кој објави книга со инсајдерски сведоштва за времето кога работеше за Трамп, е убеден дека во случај на победа на изборите „политичките ограничувања за него во голема мерка ќе се сведат на минимум“.

-Сметам дека тоа е можно во (случај на) негов втор мандат. Мислам дека тоа ќе биде голема грешка за САД. Но многу одлуки на Трамп во однос на прашањата за внатрешната безбедност не се засноваат на критериуми на конкретни варијанти на политики, од кои тој избира. Тие се засновани на неговото лично убедување за тоа какви резултати за внатрешната политика ќе донесе едно или друго решение, изјави денеска Болтон во интервју за руската телевизија Дожд.

Болтон смета дека НАТО не може да постои без САД.

-Сметам дека тоа ќе биде грешка, многу голема грешка за Западот во целина. Од друга страна, Русија не обрнува доволно внимание на глобалните предизвици, кои во 21 век Кина ги претставува за сите. Така што, фактичкиот колапс на НАТО, за што ние сега овде можеме да зборуваме хипотетички – но ако се случи, тоа ќе го направи светот уште похаотичен отколку сега, истакна тој.

Болтон беше советник за национална безбедност на Трамп од април 2018 од септември 2019 година. Тој замина од функцијата поради несогласувањата со шефот на државата. Неговата книга, „Собата каде се случуваше сè“. имаше обиди да се забрани од страна на Министерството за правда на САД.

Меѓудругото, во неа стои дека Трамп барал САД да го напуштат НАТО.

Би можело да ве интересира

Џулијани побарал Трамп однапред да го помилува, во случај да биде обвинет по неговото заминување

Жарко Настоски

Штабот на Трамп ги оспори резултатите во Винсконсин и најави тужба

Жарко Настоски

Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони Американци кои гласаа за мене

Жарко Настоски

Трамп планира да помилува уште неколкумина контроверзни осуденици, пишува „Њујорк тајмс“

Жарко Настоски

Партнерката на Асанж бара од Трамп да го помилува основачот на „Викиликс“

Жарко Настоски

Израел ја подигна борбената готовност на војската поради можноста Трамп да го нападне Иран пред да си оди

Жарко Настоски