Боливија одлучи да ја протера амбасадорката на Мексико

Од:

Вршителот на должност претседател на Боливија, Хенин Ањес изјави дека нејзината влада одлучила да ја протера мексиканската амбасадорка Марија Терeза Меркадо поради наводните обиди на членови на поранешната боливиска власт да се засолнат во мексиканското дипломатско претставништво и да ја напуштат земјата.

Ањес истакна дека на мексиканската амбасадорка и се дадени 72 часа да ја напушти Боливија.

Група од девет поранешни функционери во владата на соборениот боливиски претседател Ево Моралес побарале засолниште во мексиканската амбасада, откако Моралес минатиот месец се повлече од власт под притисок на војската и јавноста.

Актуелната боливиска власт покрена кривични пријави против официјални претставници поради бунт, тероризам и изборни измами и одби да им дозволи безбеден излез од земјата.

Боливиската влада обвини шпански дипломати дека се обидуваат да им помогнат на деветмината функционери да ја напуштат денеска мексиканската амбасада, објаснувајќи дека Шпанците пристигнале во амбасадата во придружба на група мажи со качулки. Шпанија ги отфрли таквите обвинувања.

– Извршено е сериозно прекршување на боливискиот суверенитет и демократија, кои мора да се почитуваат, истакна Ањес.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД