„Боинг“ почнува со тестирања на повлечениот модел „737 Макс“

Од:

Компанијата „Боинг“ треба да реализира тест летови на повлечениот модел „737 Макс“, во обид неделава повторно авионот да го врати на небото.

Планирано е пилотите и техничките експерти да имаат тридневни тестирања, што е можно да почнат уште денеска, пренесе Би-Би-Си.

Авионите, наводно, ќе поминат низ серија различни сценарија во воздух во близина на базата на „Боинг“ во Сиетл.

Најпродаваниот авион на компанијата „Боинг“ минатата година беше приземјен по двата лета со трагични последици, на летовите на „Лајон Ер“ и „Етиопијан ерлајнс“, кога сите 346 лица загинаа при пад на двата авиона и тоа во период од пет месеци.

Овие трагедии предизвикаа сериозна финансиска криза во 103-годишната компанија, како и тужби од семејствата на жртвите, а потоа се поставувија и прашања за тоа како „Боинг“ и американскиот регулатор – Федералната управа за авијација (ФАА) ги спровеле безбедносните тестирања.

Би можело да ве интересира

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

А1он

Боинг склучи договор вреден пет милијарди долари

Боинг прекина со набавката на титаниум од Русија

А1он