Боинг нема нарачки за 737 МАКС во првото тромесечје

Од:

Американскиот производител на авиони Боинг забележа голем пад на нарачките и испораките во првиот квартал, а тие за 737 МАКС се сведени на нула по двете катастрофални авионски несреќи и повлекувањето на тој тип авиони од сообраќај во целиот свет.

Боинг во првите три месеци годинава забележал вкупно 95 нарачки на авиони, што е за половина помалку од истиот период минатата година.

Вкупно се испорачани 149 авиони, 19 отсто помалку отколку во првите три месеци во 2018 година. Бројот на испорачани авиони од типот 737 МАКС паднал за околу 33 отсто, со испорачани само 11 летала.

Тој авион водеше по број на нарачки се до урнувањето на „Етиопијан ерлајнс“ на 10 март, кога загинаа 157 лица. Четири месеци претходно Боинг 737 МАКС се урна и во Индонезија, при што загинаа 189 луѓе.

Анализите покажа сличности помеѓу овие две несреќи и 737 МАКС беше повлечен од сообраќај ширум светот. Боинг беше принуден да ги замрзне испораките на авионот, кој дотогаш водеше по бројот на нарачки меѓу неговите модели.

Се уште не се знае кога 737 МАКС повторно ќе лета. Глобалнi регулатори, вклучувајќи ги и кинеските, соопштија во меѓувреме дека ќе се вклучат во работата на американската Федерална управа за авијација, која ќе се обиде да утврди дали е безбеден за употреба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов инцидент на Боинг 737, во САД се откачи капак на мотор

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

А1он

Авион итно се вратил на аеродромот од кој полетал поради пукнатина на прозорец

Горан Наумовски