Боинг 737 на руската компанија Утер принудно слета во Москва

Од:

Авион на руската компанија Утер на летот Москва – Берлин принудно слета на московскиот аеродром Внуково откако преку Литванија се врати поради проблеми со системот за климатизација.

– Боингот 737 мораше да се врати преку Литванија поради дефект на системот за климатизација. Авионот слета безбедно, соопшти аеродромската прес-служба.

Авионот се вратил бидејќи на половина лет испратил сигнал за помош.

Претходно денеска авион на руската компанија Утер на лет од Сочи кон сибирскиот град Нижњевартовск принудно слета на меѓународниот аеродром Платов во Ростов на Дон.

– Можам да потврдам дека авионот слета непланирано, изјави портпаролот на аеродромот, не наведувајќи ги причините за принудното слетување.

Според медиумите, еден од патниците е префрлен во болница.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов