Богатството на Маск и Безос се зголемува и за време на пандемијата

Од:

Вкупното богатство на американските милијардери, меѓу кои и на основачот на Амазон (Amazon) Џеф Безос и на Тесла (Tesla) Илон Маск, се зголемило за околу 10 проценти за време на пандемијата на Ковид-19, се вели во извештај на Институтот за политички истражувања на САД.

Зголемувањето на приходите на најбогатите луѓе во Америка се случува во период кога рекорден број Американци останаа без работа.

И покрај тоа што економијата во целост се соочува со рецесија, акциите на технолошките компании како Зум (Zoom) во последните недели поскапуваат поради зголемената употреба на технологии за видеоконференции и за работа од дома, а со тоа се зголемува и богатството на милијардерите кои имаат удел во таквите компании.

Во периодот од 1 јануари до 10 април годинава, 34 од најбогатите американски милијардери регистрираат зголемување на богатството за милиони долари , стои во извештајот.

Осуммина од нив, меѓу кои и Безос и Маск, го зголемиле своето богатство за една милијарда долари.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски