Богатите Германци ќе се вакцинираат на аеродром во Москва, „Луфтханза“ подготвува луксузен салон

Од:

Германскиот национален авиопревозник „Луфтханза“ подготвува специјален луксузен салон на еден од московските аеродроми, каде богатите Германци, но и жители на други европски земји, ќе можат да се вакцинираат против коронавирусот со вакцината „Спутник V“, без да влезат во Русија, пишува руската веб-страница „Интелињуз“.

Според извештајот, поради тоа што Германија се соочува со недостиг од вакцини, богатите луѓе барале начини да го прескокнат редот и да се имунизираат во други земји. Интересот посебно се зголемил откако угледното медицинско списание „Лансет“ објави дека „Спутник V“ е ефикасна и безбедна вакцина.

„Луфтханза“ го препознала потенцијалот во илјадниците заинтересирани за вакцинација во Русија, а ќе понуди транспорт до специјалниот салон на аеродромот Домодедово, каде клиентите ќе можат брзо и без никакви царински или други задржувања, да ја примат вакцината, пишува „Интелињуз“.

Компанијата наводно веќе го подготвувала луксузниот простор, изолиран од остатокот од аеродромот, каде клиентите ќе доаѓаат, ќе бидат вакцинирани, а потоа веднаш ќе се враќаат во Германија, пред да го повторат патувањето по неколку недели, за втората доза.

Според извештајот, „Луфтханза“ веќе е во преговори со Министерството за надворешни работи на Германија, за да се обезбеди редовна врска меѓу аеродромот во Франкфурт и Домодедово.

Милијардерот Дмитри Каменшик, во чија сопственост е аеродромот, наводно бил заинтересиран да го понуди како место за медицински туризам со вакцината, но планот допрва требало да биде одобрен од руските власти.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени