Блокади на автопатиштата во Каталонија пред судењето на сепаратистите во Мадрид

Од:

Демонстрантите ги блокираа автопатиштата во Каталонија пред почетокот на судењето на 12 каталонски сепаратисти во Мадрид. Тие се обвинети по повеќе точки, меѓу кои и за бунт за време на неуспешниот обид за сецесија, кон крајот на 2017 година.

Каталонските сепаратисти се обвинети и за поттикнување на бунт, што не подразбира насилство, како и за непослушност и злоупотреба на јавните фондови.

Шпанското државно обвинителство бара затворска казна од 25 години за поранешниот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас, кој со другите обвинети во петокот беше донесен од притвор во Каталонија во Мадрид. Меѓу другите обвинети се и осум поранешни министри на каталонската Влада – Раул Ромева, Жозе Карлес Мундо, Санти Вила и Мериџел Борас. Обвинети се и поранешната претседателка на каталонскиот Парламент, Карме Форкадел и двајца лидери на невладини организации Жорди Санчез и Жорди Куижарт.

Тие се обвинети за бунт против Шпанија, како и за злоупотреба на јавните фондови за организирање на референдумот, кој беше забранет од стрна на шпанскиот Уставен суд.

На судењето повикани се повеќе од 500 сведоци, меѓу кои и поранешниот шпански премиер Маријано Рахој, потоа претставници на шпанската Влада и покраинската администрација, како и претставници на полицијата и обични граѓани. Судењето ќе биде пренесувано во живо на телевизија и на интернет.

Се очекува судењето да трае најмалку три месеци, а одлуката ќе биде донесена, исто така по неколку месеци.

Во Каталонија на 1 октомври 2017 година одржан е референдум за независност и покрај забраната од шпанскиот Уставен суд, а на 27 октомври прогласена е независност. Но, независноста не заживеа бидејќи Мадрид презеде директна контрола над покраината со 7,5 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нови протести и судири во Барселона

Ана Ололовска

Повторно протести и судири во Барселона

Ана Ололовска

Мадрид нема да преговара со Тора

Ана Ололовска

Тора побара преговори со Владата во Мадрид

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицијата во Барселона ја презеде контролата над улиците, се очекува обраќање на каталонскиот премиер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Насилство на протестите во Барселона, полицијата употреби гумени куршуми за да ги растера демонстрантите