Блиска средба на германски и руски воени авиони над Балтикот

Од:

Два авиона „еурофајтер“, на германскто воено воздухопловство – „Луфтвафе“, денеска пресретнаа формација од осум руски воени авиони, кои летале во меѓународниот воздушен простор над Балтикот.

Во руската формација се наоѓале два авиона „МиГ-31“ и шест „Сухоја“ – два „СУ-34“, два „СУ-27„ и два „СУ-24“, што е најголемиот број руски авиони  што досега се регистрирани на тренажни летови  над Балтикот, пренесоа германските медиуми.

Германските авиони полетале од базата Амари, во Естонија, каде се стационирани во рамки на мисијата на НАТО.

Радарите на НАТО околу 15 часот попладнето ја регистрирале руската формација, а германските авиони покрај неа се задржале околу 25 минути.

-Нашите пилоти стапиле во контакт со руските авиони само за да ја извршат визуелната проверка, соопшти портпаролот на германската армија.

НАТО ги зголеми своите сили и воздушна одбрана на Балтикот по избувнувањето на украинската криза. Германија, во рамки на НАТО Единицата за воздушно патролирање, сега во Естонија држи четири авиони „еурофајтер“ и 160 војници.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“