Блинкен во Мексико на разговори за економијата и нелегалната имиграција

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и високи трговски функционери денеска се во Мексико на разговори на високо ниво, чија цел е да ги поправат односите кои се влошија поради имиграцијата и други прашања.

dobivaj vesti na viber

– Покрај економскиот дијалог на високо ниво, секретарот Блинкен планира да се сретне со претседателот Лопез Обрадор и министерот за надворешни работи Ебрард за да разговараат за билатералните економски односи и другите заеднички политички приоритети како што се нерегуларната миграција и запирање на шверцот со фентанил, изјави денеска портпаролот Нед Прајс.

Во американската делегација се и секретарот за трговија Џина Рајмондо и заменик-трговскиот претставник на САД Џејм Вајт.

Мексико е постојано меѓу трите најголеми трговски партнери на САД.

Пред пандемијата на коронавирус, Мексико беше вториот по големина извозен пазар во САД во 2020 година.

Средбата на Блинкен со Лопез Обрадор во Мексико Сити доаѓа два месеца откако американскиот претседател Џо Бајден се сретна со мексиканскиот претседател во Белата куќа, каде Бајден рече дека двата соседа треба да ги обноват односите.

Покрај економијата, друга горлива тема е и приливот во САД на мексиканско-американската граница на голем број нелегални имигранти, што е дежурна тема, и причина за тензии меѓу републиканците и демократите.

Во изминатиот период гувернерот на Тексас, Грег Абот, донесе испрати илјадници мигранти со автобуси во Њујорк, Вашингтон а од неодамна и во Чикаго, со напомена дека овој потег е потребен за да се олеснат преоптоварените погранични градови.

Од Мексико Блинкен заминува за Индијана каде, во универзитетот Пердју ќе го промовир а донесувањето на законот за чипови и наука.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Убиен уште еден мексикански новинар, во најсмртоносната година за локалните медиуми

Мексиканскиот министер за јавна безбедност загина во хеликоптерска несреќа

Блинкен: Ограничувањето на цените ќе помогне во ограничувањето на профитот на Русија

Блинкен ќе учествува на Самитот на Г7 во Германија

А1он

Блинкен: Руската употреба на иранските дронови е застрашувачка

Нарко бос во Мексико убил 20 граѓани

Горан Наумовски