Блинкен: Санкции сега против Русија би ја намалиле можноста за спречување на агресија врз Украина

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја отфрли идејата сега да се воведат економски санкции кон Русија, велејќи дека тие ќе ја намалат способноста на Западот да спречи можна руска агресија врз Украина. Руската акумулација на војници во близина на границата со Украина предизвика загриженост кај западните земји дека Русија би можела да ја нападне Украина. Доколку Русија навистина изврши напад, западните земји и се закануваат со санкции кои би можеле да имаат далекусежни економски последици.

dobivaj vesti na viber

Москва соопшти дека нема намера да изврши инвазија.

„Кога станува збор за санкции, нивната цел е да ја спречат руската агресија. Да се ​​активираат сега, ќе го загубиме тој ефект“, рече Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен.

Блинкен додаде дека и најмалиот агресивен руски влез во Украина ќе наиде на силен одговор.

На прашањето дали рацете на САД во однос на Украина се врзани поради потребата од руска поддршка во одвоените преговори за иранската нуклеарна програма, Блинкен, како гостин во програмата на каналот Си-Би-Ес, одговори дека „ни најмалку не се“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва ја поддржа одлуката на СПЦ да ја призне МПЦ

А1он

Вашингтон пост ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина

А1он

Столтенберг: На Русите не им оди според планот, ќе изгубат во Украина

А1он

Русија го прекина извозот на струја за Финска

А1он

Русија и Украина се договорија за хуманитарен коридор за ранетите војници од Азовстал

А1он

Косово воведе нови санкции кон Русија и Белорусија

А1он