Блинкен: Руската употреба на иранските дронови е застрашувачка

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја опиша употребата на иранските беспилотни летала-камикази од страна на руските сили во Украина како „застрашувачка“ и додаде дека САД и нивните сојузници сакаат да спречат ваквата испорака на оружје.

-Употребата на овие беспилотни летала за убивање на украинските цивили и уништување на инфраструктурата од која зависат е застрашувачка, изјави американскиот државен секретар за време на посетата на Отава.

САД, Канада и нивните сојузници заеднички работат за да го осудат, одвратат и спречат Иран да го испорача тоа оружје, додаде Блинкен.

Киев и неговите западни сојузници во последните неколку недели постојано ја обвинуваат Москва дека користи ирански беспилотни летала во нападите врз Украина.

Украина потврди дека околу 400 ирански беспилотни летала веќе се употребени против украинското цивилно население, а Москва порачала околу 2.000.

Техеран ги отфрли обвинувањата.

-Кога би ни било познато дека Русија употребува ирански беспилотни летала против Украина, сигурно немаше да бидеме рамнодушни кон тоа прашање, изјави неделава шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир Абдолахиан.

САД, Обединетото Кралство и ЕУ веќе воведоа санкции кон Иран поради проблемот со беспилотните летала.

Израелскиот претседател Исак Херцог во вторникот се согласи да сподели информации со САД кои покажуваат, според израелското разузнавање, дека иранските беспилотни летала се користат во војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Блинкен не можеше да се врати од Давос поради истекување на кислород во авионот

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Османи-Блинкен: Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме обединети во поддршката за Украина

Премиерот Ковачевски го пречека државниот секретар на САД, Блинкен

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов