Блинкен разговараше со кинескиот министер за надворешни работи за ризиците поврзани со Украина

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека сите страни вклучени во прашањата околу Украина треба да останат смирени и да се воздржат од дејствија кои поттикнуваат тензии и криза.

„Безбедноста на една земја не може да биде на штета на безбедноста на другите земји, а регионалната безбедност не може да се гарантира со зајакнување или дури и проширување на воените блокови“, му нагласил Ванг на Блинкен, јавија американски медиуми.

Во исто време, Блинкен ги истакнал глобалните безбедносни и економски ризици кои би можеле да произлезат од наводната натамошна руска агресија. „Секретарот Блинкен рече дека деескалацијата и дипломатијата се единствениот одговорен пат напред“, наведе портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во соопштение.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски