Блинкен: Објавените резултати од претседателските избори во Венецуела не се според волјата на народот

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека САД се „сериозно загрижени“ поради објавувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, откако изборната комисија на земјата објави дека актуелниот претседател Николас Мадуро освоил трет мандат на функцијата, велејќи дека резултатот „не не ја одразува ниту волјата ниту гласот на народот“.

Говорејќи во Токио набргу по објавувањето на изборните резултати, Блинкен ја повика изборната комисија на Венецуела транспарентно и веднаш да ги објави целосните резултати, најавувајќи дека САД и меѓународната заедница соодветно ќе одговорат, пренесе АП.

Блинкен истакна дека е клучно секој глас да се брои правично и транспарентно и изборната комисија да споделува информации со опозицијата и независните набљудувачи без одлагање.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа

Блинкен е под притисок да ја прекине помошта за Авганистан