Блинкен: НАТО загрижен поради военото јакнење на Кина

Од:

НАТО сојузниците се загрижени поради брзото и нетранспарентно воено зајакнување на Кина и нејзината соработка со Русија, истакна американскиот државен секретар Антони Блинкен, додавајќи дека денеска разговарале за конкретни начини за справување со предизвиците што ги поставува Пекинг

– Членовите на нашата Алијанса и натаму се загрижени поради политиката на присила на Народна Република Кина, употребата на дезинформации, брзото, нетранспарентно јакнење на војската, вклучително и соработката со Русија, рече Блинкен на прес-конференција по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО.

– Но, ние, исто така, остануваме посветени на одржување на конструктивен дијалог со Кина секаде каде што можеме и ги поздравуваме можностите да работиме заедно на заедничките предизвици, додаде тој.

НАТО останува фокусиран на одржување на обединета поддршка за Украина, а членките, исто така, сакаат да ја зајакнат отпорноста на Алијансата со разгледување на новите предизвици, вклучително и оние што ги поставува Кина, потенцираше Блинкен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел