Блинкен: Ќе бараме одговорност од извршителите на ракетниот напад во Чаплине

Од:

Државиот секретар Ентони Блинкен вети дека меѓународната заедница ќе бара одговорност од извршителите на уште еден ракетен напад во Украина при што загинаа десетици цивили.

dobivaj vesti na viber

Украинските власти денеска соопштија дека бројот на загинатите во нападот во Чаплине, источен дел на Украина, се искачил до 25.

-Ракетниот напад на Русија на железничка станица во Украина полна со цивили одговара на воспоставениот шаблон на злосторства, напиша Блинкен денеска на Твитер.

-Заедно со партнерите низ цеиот свет, продолжуваме да стоиме зад Украина и да ги повикаме на одговорност руските официјални лица, напиша тој.

Блинкен исто така ја потврди номинацијата на амбасадорот Филип Рикер за советник за преговорите на Кавказ и копретседавач на Минската група.

Според него, назаначувањето на Рикер ги реафирмира американските заложби за мирна решение на конфликтот во Јужен Кавказ.

Рикер беше амбасдар на САД во Република Maкедонија од 2008 до 2011 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Ограничувањето на цените ќе помогне во ограничувањето на профитот на Русија

Блинкен ќе учествува на Самитот на Г7 во Германија

А1он

Блинкен: Руската употреба на иранските дронови е застрашувачка

Блинкен: Воведената воена состојба говори за очајот на Путин

А1он

Блинкен: Светот мора да остане под американско ракводство

А1он

Блинкен: Тврдењата на Путин во однос на саботажите на гасоводите се апсурдни и срамни