Блинкен: Покрај војната на Путин, Кина е најсериозниот предизвик за меѓународниот поредок

Од:

Дури и во време кога вoјната на рускиот претседател Владимир Путин продолжува, ние остануваме фокусирани на најсериозниот долгорочен предизвик за меѓународниот поредок, оној што го претставува Народна Република Кина, изјави синоќа државниот секратар Ентони Блинкен.

Во синожешниот говор во Универзитетот Џорџ Вашингтон посветен на пристапот на администрацијата на Бајден кон Кина, тој укажа дека „администрацијата во изминатата година разви и реализираше продлабочена стратегија да се впрегне нашата национална сила и нашата досега невидена мрежа од сојузници и партнери за реализација на иднината што ја посакуваме“.

– САД не бараат да ја блокираат или запрат Кина, или секоја друга земја, од нејзината улога на голема сила, да ја развива својата економија или да ги унапредува интересите на својот народ. Но ќе ги браниме и зајакнуваме меѓународните закони, договори, приципи и институции кои го оддржуваат мирот и безбедноста, ги штитат индивидуалните и правата на суверените нации, и ја прават возможна, како за САД така и за Кина, коегзистенцијата и соработката, изјави Блинкен.

Тој порача дека САД не бараат конфликт или нова Студена војна, туку, напротив, детерминирани се да ги избегнат и двете.

– Кине е единствена земја која има намера да го преуреди меѓународниот поредок, и има економска, дипломатска, воена и технолошка сила да го направи тоа. Визијата на Пекинг нѐ оддалечува од универзалните вредности кои одржаа најголем дел од светскиот прогрес во изминатите 75 години, истакна Блинкен.

Според него, САД не можат да се потпрат на тоа Пекинг да ја смени траекторијата, „па затоа ќе ја обликуваат стратешката атмосфера околу Пекинг за да се унапреди визијата на САД за отворен и инклузивен меѓународен систем“.

– Претседателот Бајден е убеден дека оваа деценија е решавачка. Акциите што сега ги правиме дома и со други земји низ целиот свет, ќе определат дали нашите заеднички визии за иднината ќе бидат реализирани, додаде Блинкен, укажувајќи дека за успех во оваа решавачка деценија, администрацијата на Бајден воведува стратегија наречена „инвестирај, присоедини, конкурирај“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски