Блинкен: Кина донела одлука да ги засили притисоците врз Тајван

Од:

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, посочи дека Кина проценила оти актуелното „статус-кво“ по однос тајванското прашање „повеќе не е прифатливо“ и оти е потребно да ги зајакне своите притисоци врз Тајван.

Во своето обраќање пред учесниците на собир организиран од агенцијата „Блумберг“ Блинкен рече дека САД не се во студена војна со Кина, но се решителни во заштитата на своите интереси.

Шефот на американската дипломатија рече дека Вашингтон ја цени помошта на Саудиска Арабија за Украина и нејзиниот глас во ОН против руската анексија украински територии, но истовремено истакна дека тоа не е доволна компензација за поддршката што Ријад ја даде на одлуката на „ОПЕК+“ за намалување на дневното производство нафта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тројца загинати во пукање во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Прoтести низ САД по објавеното видео од убиството на Тајeр Николс при полициско задржување

Ана Ололовска

ВИДЕО: Брачен пар во САД извршил егзорцизам на посвоениот син, детето починало од повредите

Ана Ололовска

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Објавена снимката од полицајците во Мемфис кои брутално претепаа Афроамериканец

Ана Ололовска

САД санкционираа двајца поранешни српски пратеници од радикалната партија на Шешељ

(ВИДЕО) Мајка на убиеното момче од црни полицајци: Не дозволувајте децата да го гледаат видеото, тоа е ужасно

Горан Наумовски