Блинкен изрази сочувство за смртта на поранешниот шеф на Стејт департментот

Од:

Поранешниот државен секретар Колин Пауел беше исклучителен лидер и голем човек. Денеска изгубивме ценет колега во Стејт департментот и во нашите амбасади и конзулати низ целиот свет, истакна државниот секретар на САД, Ентони Блинкен по повод смртта на Пауел.

Колин Пауел, првиот Афроамериканец, кој стана државен секретар на САД и шеф на Генералштабот на воените сили на САД, денеска почина на 84-годишна возраст поради компликации предизвикани од Ковид-19. Неговото семејство на Фејсбук соопшти дека тој бил целосно вакциниран.

– На Стејт департментот тој му го донесе најдоброто од своето лидерство, искуство и патриотизам, истакна Блинкен.

Кога дојде во надворешнополитичкот орган на САД, Пауел беше генерал со четири ѕвездички со стекнато 35-годишно искуство на професионален војник. Имал добиено два претседателски Ордени на слободата за време на претседателот Бил Клинтон.

– Денеска, нашата благодарна нација го гледа крајот на една исклучителна кариера и ја слави неговата 35-годишна служба и победа, победа за армијата на САД која му даде на младиот Колин Пауел да учи, да расте и да води. Тоа е победа за нашите армиски водачи и политички лидери кои продолжуваат да го воздигнуваат, засновано на нивната целосна доверба и апсолутна почит, истакна Блинкен.

Во обраќањето по тажната вест, Блинкен кажа дека имал неколкучасовна средба со Пауел годинава на празникот 4 јули, „зборувавме за Стејт департментот и дискутиравме за сите предизвици со кои се соочуваме низ светот“.

– Денеска е тажен ден за нас во Стејт департментот и посебно за сите кои работеле за и со секретарот Пауел, и ние никогаш нема да го забороавиме тоа искуство. Изразуваме сочувство до целото семејство и до сите кои го љубеа, нагласи Блинкен.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април