Блинкен е под притисок да ја прекине помошта за Авганистан

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е под притисок да ја замрзне помошта за авганистанските организации по откритието дека овие средства може да одат за талибанците поради неуспесите на релевантните институции, пренесува Fox News.

Неодамнешниот извештај на владиното тело кое ја надгледува американската помош за Авганистан покажа дека две од пет бироа во Стејт департментот (ДОС) не можат да докажат дека ги почитуваат стандардите за темелни проверки дали нивните партнери во земјата се поврзани со тероризам.

„ДОС не беше во можност да покаже усогласеност со стандардите поврзани со партнерските групи во Авганистан и распределбата на најмалку 293 милиони долари помош за нив“, се вели во извештајот на Специјалниот генерален инспектор за обнова на Авганистан (СИГАР).

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа

Блинкен: Објавените резултати од претседателските избори во Венецуела не се според волјата на народот