Бисли: Околу 270 милиони луѓе се на раб на глад

Од:

Околу 270 милиони луѓе ширум светот, колку што вкупно изнесува населението на Германија, Велика Британија, Франција и Италија, се на раб на глад, предупреди денеска директорот на Светската програма за храна на Обединети нации (WFP), Дејвид Бисли по примањето на Нобеловата награда за мир.

– Поради толку војни, климатски промени, широката употреба на гладта како политичко и воено оружје и глобалната здравствена пандемија, што експоненцијално се влошува, 270 милиони луѓе се на чекор кон работ на гладта, истакна Бисли во говорот од Рим.

Тој нагласи дека ако не се задоволат основните потреби на тие луѓе, тоа може да предизвика пандемија на глад, што би ги засенила последиците од Ковид-19.

– Ако тоа не е доволно лошо, од тие 270 милиони луѓе, опстанокот на 30 милиони луѓе 100 отско зависи од нас, посочи Бисли.

Нобеловите награди годинава се доделуваа на многу поинаков начин од традиционалната прослава во норвешкиот главен град, поради пандемијата на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

ОН: Речиси еден милион луѓе гладуваат во сиромашните држави

Ана Ололовска

Оксфам: За последните шест години екстремната глад двојно зголемена во климатските жаришта во светот

Ана Ололовска

Се поголем број деца во Сомалија се соочуваат со глад

А1он

ОН: Делови од Сомалија се соочуваат со глад

А1он