Бирол: Русија би можела целосно да го прекине снабдувањето на Европа со природен гас

Од:

Русија може целосно да го прекине снабдувањето со природен гас за Европа, изјави шефот на Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ), Фатих Бирол.

Тој додаде дека Владата во Москва се обидува да ги искористи испораките на гас за Европа за да го зголеми политичкиот притисок за време на војната во Украина.

– Со оглед на нивното неодамнешно однесување, не би отфрлил дека Владата на Русија продолжува да укажува на различни проблеми и да наоѓа изговори за дополнително да го ограничи снабдувањето со природен гас на Европа и можеби дури и целосно да ги прекине, истакна Бирол.

Тој наведе дека поради тоа на Европа и се потребни планови за вонредни ситуации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски