Биркс: Во САД има ризик за втор бран на епидемијата

Од:

Влијателен универзитет во Вашингтон ги корегираше и намали своите предвидувања за смртноста од коронавирусот, но координаторката на кризниот штав на Белата куќа, Дебра Биркс, предупредува на можен втор бран на епидемијата доколку Американците не се приддржуваат на мерките за физичко дистанцирање, пренесуваат британските медиуми.

Експертите сметаат дека епидемијата во одредени средини на САД го достигна својот врв, но состојбата во Њујорк само статистички се смирува, бидејќи се уште расте бројот на заболени и умрени во другите американски држави.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека бројот на хоспитализирани во најголемиот американски град “е стабилизиран“ и дека проектираниот број на респиратори е поголем од вистинските потреби.

-Доколку сега луѓето се опуштат, посакаат да излезат надвор и да воспоствуваат социјална интеракција, може да ни сеслучи втор бран од епидемијата, предупреди коороднаторката Дебра Биркс.

Пандемијата го суспендира нормалниот живот во САД, бидејќи 94 отсто од Американците мораат да останат во своите домови, а само изминатите две недели 10 милиони лица останаа без работа.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски