Билт: Нема откажување од напорите за постигнување договор меѓу Белград и Приштина

Од:

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт денеска изјави дека и покрај тешкотиите за постигнување на договор меѓу Белград и Приштина не треба да се откажат напорите за таа цел.

– И покрај тешкотиите не треба да се откажеме од напорите за Белград и Приштина да постигнат договор, објави Билт на својот „Твитер“ профил.

Министерот за надворешни работи на Шведска, пред една недела додека во Брисел се уште траеше дијалогот меѓу Белград и Приштина, исто така на „Твитер“ објави дека постигнувањето на договор ќе претставува значаен чекор напред кон Европската унија за двете страни.

Би можело да ве интересира

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност

Шведска го испраќа најголемиот пакет помош на Украина