„Билд“: Украина ќе ги нападне Запорожје и Луганск

Од:

Германски „Билд“ објави, повикувајќи се на неименуван претставник на НАТО, дека Украина има намера да ги нападне Запорожје и Луганск.

Истиот извор за германскиот весник изјавил дека западните сојузници веќе и испраќаат на Украина се што и е потребно за тие напади, кои би требало да создадат „копнеен мост“ кон Крим.

Повикувајќи се на висок функционер на НАТО, „Билд“ пишува дека аналитичарите на Алијансата заклучиле дека „врвот“ на конфликтот се очекува на пролет или лето и дека Западот е убеден во успехот на Украина бидејќи оружјето за таа голема офанзива ќе биде во Украина во мај.

„Следните шест месеци ќе бидат клучен период за војната, не само за Украина, туку и за нејзините сојузници“, рече изворот.

Одбивајќи да даде повеќе детали поради планираната акција, претставникот на НАТО само прецизираше дека нападот ќе се фокусира на Запорожје, дом на најголемата нуклеарна централа под руска контрола во Европа, и регионот на Луганск.

„Главната цел на офанзивата ќе биде да се обезбеди „копнен мост“ до Крим“, изјави тој претставник на НАТО за „Билд“.

Сепак, како што се наведува понатаму, НАТО не ја исклучува можноста Украина да се обиде да го освои Крим, кој беше анектиран од Русите во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ