Билд: Лукашенко се однесува како грубијан

Од:

Белоруситее почнаа со тоа што го избркаа нашиот шведски амбасадор и ние тоа не го толерираме. Сега гледам дека (белорускиот претседател Алексасндар) Лукашенко настапува како грубијан, каков што навистина и е во областа на дипломатијата.

Ова денеска во Стокхолм го изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билд, коментирајќи ја одлуката на Белорусија да ја затвори својата амбасада во Шведска.

Добиевме соопштение дека тие сега го замолиле целиот шведски персонал да ја напушти Белорусија, а воедно се повлечени нивните дипломатски акредитиви. Тоа е силна ескалација од страна на претседателот Лукашенко, кој очигледно е мошне иритиран, пред се во однос на проектите за демократизација што ги спроведува Шведска, вели Билд.

На 4 јули мал авион, управуван од двајца Швеѓани, полета од Литванија и навлезе без дозвола во белорускиот воздушен простор. За време на летот во близина на градот Иванец и главниот град Минск од воздух беа фрлени околу 800 кадифени мечиња со натписи, кои повикуваа Белорусија да ги почитува граѓанските права и слободи. Потоа авионот без проблем се врати во Литванија, а потоа полета за Шведска.

Одговорност за акцијата презеде шведска агенција за односи со јавноста. Белоруските власти ги отпуштија началниците на граничната војска и на противоздушната одбрана. Не беше продолжена акредитацијата на шведскиот амбасадор, кој треба да ја напушти земјата, а како одговор Шведска протера двајца белоруски дипломати.

Немаме добиено никакво образложение, туку ова е само продолжение на она што беше започнато со тоа што Лукашенко го избрка нашиот амбасадор во Миниск пред неколку дена, истакна Карл Билд на прес-конференција во Стокхолм.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски