Бил Гејтс: Лековите против коронавирусот ќе ја намалат смртноста до крајот на годинава

Од:

Милијардерот-филантроп Бил Гејтс изјави дека лековите за коронавирусот може значително да ја намалат смртноста оваа година, но вакцината ќе биде клучна за да се врати светот во нормала.

– Можете да видите терапевтска корист побрзо од заштитна. Мислам дека има добри шанси да имаме значително намалување на смртноста до крајот на годината со комбинацијата на овие нови инструменти, рече Гејтс во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Oсновачот на „Мајкрософт“ и копретседател на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ рече дека ремдесивир е еден од водечките лекови во терапевтското истражување. Ремдесивир е антивирусен лек од „Гилеад Сајнсес“, за кој се покажа дека го намалува ризикот од смрт кај сериозно болни пациенти за 62 проценти во споредба со само стандардно лекување.

Гејтс истакна дека има уште два антивирусни лекови кои научниците ги тестираат.

Фондацијата на милијардерот ги објави плановите во февруари да донира 100 милиони долари за создавање вакцина и пронаоѓање лек за коронавирусот. Донацијата е дел од барањето на Светската здравствена организација да се соберат 675 милиони долари во борбата против коронавирусот. Фондацијата вети нови 1,6 милијарди американски долари за организација која се обидува да ги вакцинира децата во текот на пандемија на коронавирусот.

Иако новите лекови значително ќе им помогнат на заразените со коронавирусот со тешки симптоми, Бил Гејтс предупреди дека „нема да нè вратат во нормала“.

– Се додека навистина не го блокирате ширењето, се додека нема долг период без никој да оди во болница, загриженоста ќе биде присутна, рече тој.

Гејтс е ентузијаст за сите вакцини што ги финансираат САД.

Тој, исто така, ја истакна важноста да се убеди општеството да се вакцинира, ако и кога ќе биде достапна вакцината.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски